Амбасадорот на Јапонија и претставници на ООН денес ќе го посетат Табановце

Сподели со своите пријатели

Претставници на агенциите на Организацијата на Обединетите Нации во Македонија со амбасадоро на Јапонија, Макото Такетоши денес ќе имаат работна посета на пунктот за помош на бегалците сместен на Табановце.

Целта е преку посетата амбасадорот Такетоши да се запознае со активностите спроведени во текот на минатата година, како и за активноститте кои годинава ќе следуваат. Такетоши ќе биде во придружба на постојаниот координатор на ООН за Македонија и почесен граѓанин на Општина Куманово, Луиза Винтон, како и претставници на УНХЦР – Мохамад Ариф, на УНИЦЕФ – Бертран Демулен, и на ИОМ + Соња Божиновска.

Вкупно 3,6 милиони американски долари се слеани во агенциите на ООН во земјава од страна на Владата на Јапонија откако започна бегалската криза со цел да им се олесни товарот на општините погодени од кризата, но и да им се помогне на бегалците во нивното транзитирање.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.