Амбасадорот на ЕУ во посета на Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, денеска оствари повеќе работни средби во Куманово.

Loading...

 

 

Најпрвин во просториите на Општина Куманово оствари средба со градоначалникот Максим Димитриевски на која двајцата разговарале за тековните проекти и главните карактеристики на општината, како и за можна соработка во иднината.

 

 

Loading...

Како што истакна градоначалникот Димитриевски, ЕУ е најголем донатор во историјата на Општина Куманово.

– Општина Куманово има цел да се трансформира и да стане реално еден европски град. Како граѓани и општина силно го поддржуваме нашиот пат кон полноправно членство во Европската унија и се надеваме првенствено дека сите еднострано наметнати проблеми кои доаѓаат од страна и историјата се повторува, во иднина ќе бидат надминати и еден кумановци ќе можат да бидат полноправно и во вистинска смисла на зборот граѓани на Европската унија, сите ние се чувствуваме Европејци, родени сме во Европа и нашето место е во ЕУ, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Липковец со закана со оружје ограбил таксист кој го возел од Куманово

 

 

Преставникот на ЕУ, имаше средба и со претседателката и со  членовите на Советот  на Општината, на која се запозна со  работата и функцијата на ова тело.

– Европската унија има имплементирано и имплементира голем број проекти кои се поврзани со клучни сфери за развој на Куманово кои се поврзани со третирање на отпадните води, но и за подобрување за квалитетот на воздухот, но постојат и ред други можности кои ЕУ ги финансира за да можат да бидат реализирани во вашата општина и тука да не ја заборавиме геостратешката важност на Општина Куманово во средина на коридорите 8 и 10 кои се од стратешка важност за ЕУ, изјави амбасадорот Михалис Рокас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени лица од Липково. Пронајдена дрога и дигитални ваги

 

Loading...

 

Оваа активност е дел од серијата протоколарни посети низ општините во земјава и има за цел запознавање и информирање на граѓаните со придобивките од процесот на пристапување во Европската Унија.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски

Loading...