Амазон повторно највредна компанија, Ферари најсилен бренд во светот

Сподели со своите пријатели

Според рангирањето на „Brand Finance Global 500“ за 2020 година, американскиот гигант „Амазон“ е највредниот светски бренд веќе трета година по ред, додека италијанскиот Ферари, по втор пат, е најмоќен.

Loading...

Според извештајот, вредноста на Амазон го срушила досега недостижниот праг од 200 милијарди американски долари.

Компанијата „Амазон“ има прашума за релаксација на вработените (ВИДЕО)

Во однос на 2019 година, нејзината вредност се зголеми за 18 проценти (од 187,9 $ на 220,8 милијарди долари), така што компанијата за е-трговија го надмина Гугл за 60 милијарди и Епл за 80 милијарди долари.

Зад нив се Мајкрософт, Самсунг, ИЦБЦ, Фејсбук, Волмарт, Пинг Ен и Хуавеј.

Ферари, од друга страна, е најсилниот светски бренд меѓу само 12 брендови на ранг-листата, со индекс на моќност од 94,1 поен од можните 100 и рејтинг ААА +.

Безос ги откри плановите за колонизација на Месечината

Силата на марката исто така го поттикнува растот на вредноста за 9,0 проценти на 9,1 милијарди долари.

Loading...

Според овој критериум, зад Ферари стојат Дизни, ВиЧет, Сбербанк, Дилојт, Кока-Кола, Тенсент, Ролекс, PwC и ПејПал.

Leave a Reply