Амазон отвара 3.000 продавници без продавачи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Amazon go“ планира до 2021. година да отвори 3.000 проданици без благајни и продавачи, во коу купувачите влегуваат и купуваат со помош на апликацијата на мобилниот телефон, а со цел да привлечат нови купувачи во своите мини-маркети и сендвичари, објави Блумберг.

Извршниот директор Џеф Безос работи на тоа да пронајде најдобар формат за тој скап зафат, додава Блумберг, повикувајќи се на неименувани упатни извори.

Новиот „Amazon go“ продажен центар ќе може да бидат мини маркети со свежо зготвена храна и со некои намирници. Втората можност се штандови.

Компанија на Џеф Безос изврши пробен лет на ракета

Агресвоното и скапо ширење на Амазон би можело да ги загрози продавниците кои работат нон стоп и сендвичарите, семејните пицерии и мобилната достава на такоси, напоменува агенцијата.

За компанијата се предизвик високите трошоци при отворањето на секоја продавница. Првиот „Amazon go“ во Сиетел чинел милион долари само за хардвер.

„Amazon go“ првата продавница без благајна ја отвори во близина на седиштето, во Сиетел во 2016. година.

Во меѓувреме најави уште две такви продавници во истиот град и во Чикаго.

„Amazon go“ функционира така шти купувачите влегуваат со помош на апликација на мобилен телефон по скенирање на истиот влегуваат и бираат помеѓу салата, сендвичи, пијалаци и грицки. Потоа заминува од продавницата, не запирајќи се на благајната.

Безос за еден час заработува 11 милиони, а неговите работници 12 долари

Сензори и компјутери детектираат што е земено и автоматски наплатуваат за преземаниот оброк и намирници, пишува Блумберт.

Во Амазон ја разгледуваат можноста до крајот на годината да отворат 10 вакви продавници, во идната уште 50 во големите градови, а до 2021. година и до 3.000 продавници.

Leave a Reply