Алжирец сериозно повреден при допир со високонапонски кабел во воз на Табановце

Сподели со своите пријатели

Мигранти со инијцали Е.У. државјанин на Алжир вчера околу 8:10 часот бил пронајден со тешки повреди во  вагон на товарен воз на третиот колосек спроти бегалскиот камп на Табановце, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Истиот дошол во допир со високонапонски кабел, при што се здобил со повреди. Од страна на екипа од Итна медицинска помош Куманово му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите веднаш бил упатен во Ургентен центар Скопје.

Од страна на екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово било излезено на местото на настанот и товарниот воз бил задржан поради вршење на увид. Останатиот железнички сообраќај не бил во прекин.

фото: архива

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.