Алжир осуди 49 лица на смрт за убиство на сликар

Сподели со своите пријатели

Алжирски суд осуди 49 лица на смрт за линч на сликарот Џамел Бен Исмаил.

Loading...

Тој беше обвинет за подметнување на пожарот, иако, според тврдењата на адвокатот, дошол да помогне во гаснењето.

Покрај тоа, 38 лица се осудени на затворски казни од две до 12 години, изјави адвокатот Хаким Сахеб, член на колективот на доброволни адвокати кои учествуваа во судењето, пренесува АП.

Во групно судење, повеќе од 100 осомничени беа гонети за убиството на сликарот, од кои повеќето беа прогласени за виновни за одредена улога во неговата смрт.

Наметнатите смртни казни најверојатно ќе бидат заменети со доживотни казни, бидејќи Алжир со години има мораториум на егзекуциите.

Во пожарите што избувнаа минатата година во Алжир загинаа најмалку 69 лица во планински регион населен со Бербери, по што група луѓе го обвинија Исмаил дека е одговорен за пожарите и го линчуваа.

Откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа убиство на лице кое било линчувано и запалено, локалниот обвинител наредил итна истрага за случајот со цел да се идентификуваат напаѓачите и да се изведат пред лицето на правдата, пренесува Ројтерс.

Во соопштението потоа се наведува дека група луѓе ја нападнале полициската станица во која бил чуван жртвата и успеале да го извлечат надвор, каде го претепале и на крајот го запалиле, што довело до смрт.

Loading...

Амнести интернешенел потоа ги повика алжирските власти веднаш да го истражат ова убиство и со тоа да испратат јасна порака дека ова насилство нема да остане неказнето.