Жените знаат да бидат незгодни ако не им се допаѓа фризурата или ако не им се допаѓа бојата на косата.
Дека тоа е случај покажува и веста од германскиот град Лубек, која спаѓа во рубриката бизарно.
Имено, една жена побеснела на фризерката затоа што и по три обиди не и ја погодила саканата нијанса на бојата.
Таа жена толку се налутила што телефонски ја повикала полицијата за да реагира.
Полицијата ја предупредила навредената дека тој број е наменет само за итни случаи и дека ако жели да бара отштета, треба да поднесе граѓанска тужба.
– Секогаш сакаме да помогнеме, но полицајците не се вистинските луѓе за разговор за фризура, особено не, ако ги барате преку бројот за итни случаи, порачала полицијата преку својата Фејсбук страница.