Алјаска не личи на себе овој декември: Највисоките температури измерени овој месец

Сподели со своите пријатели

Метеорологот Рик Томан од Центарот за климатска политика и проценка рече дека времето во Алјаска овој декември е „апсурдно“.

Loading...

Невообичаените временски услови на Алјаска донесоа дневни температури од 15,5 степени Целзиусови, што е највисока декемвриска температура досега регистрирана во таа американска сојузна држава на крајниот север на земјата.

Во Алјаска, каде во овој период од годината редовно преовладува многу сурова зима со екстремно ниски температури и снежни врнежи, овој декември паѓаат обилни, поројни дождови.

 

 

– Во заедницата на градот Кодијак на истоимениот остров во Пацифичкиот архипелаг, температурата на воздухот во неделата достигна рекордни 19,4 степени Целзиусови, што е највисока температура на воздухот досега забележана во декември на тој остров – изјави метеорологот Рик. Томан од Центарот за климатски политики и проценки.

Тој оцени дека временските услови на Алјаска овој декември се „апсурдни“, пренесува Ројтерс.

Loading...

Најсериозна непосредна последица од високите температури во текот на овој декември се обилните дождови.

Областа Фербенкс беше погодена од најсилното невреме со просечни количества на врнежи кои не се регистрирани од 1937 година, рече Томан.

Декември е обично сув и студен месец во внатрешноста на Алјаска, бидејќи вообичаениот леден воздух не може да задржи многу влага, но тоа не беше случај во Алјаска во последните денови.