Алиев: Азербејџан зазеде 13 села во Нагорно-Карабах

Сподели со своите пријатели

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев соопшти дека азербејџанската армија презела контрола врз 13 села во регионот Џебраил, во Нагорно-Карабах, пренесоа руските медиуми.

Loading...

„Ослобедени се селата Солтанли, Амирварли, Машанли, Хасанли, Алијеханли, Гумлаг, Хаџили, Гејархинвеизели, Нијазгулар, Кечал Мамадли, Шахвели, Хаџи Исмаили, Исагли од околината на Џебраил“, напиша шефот на азербејџанската држава на Твитер.

Алиев притоа ја обвини Ерменија за повторно кршење на вчера договореното привремено хуманитарно примирје.

„Ерменските вооружени сили, грубо кршејќи го договорениот привремен прекин на огнот на 18 октомври, гаѓаа со тешка артилерија кон населените места и борбените позиции во Азербејџан“, додаде тој.

Сашко Димевски

Leave a Reply