Алфите го приведоа сторителот на убиство во Куманово во 2012 година

Сподели со своите пријатели

Припадниците на полициската единица „Алфа“ во текот на вчерашниот ден, постапувајќи по судска наредба за сторено кривично дело „убиство“, го привеле 29 – годишниот Шинаси М. од скопското село Арачиново.

Loading...

 По него се трага откако на 18.10.2012 година, околу 16,50 часот, во Куманово на ул. „11-ти Ноември“, додека Ендрит Љ.(31) од с.Опае – кумановско се движел со ПМВ „форд ескорт“, бил следен  од ПМВ „голф“ во кое биле четири непознати лица, по што удриле во неговото возило.

Ендрит Љ. потоа излегол од возилото и почнал да бега по улицата, по што две од непознатите лица од огнено оружје исупукале неколку куршуми повредувајќи го во пределот на телото.

Ендрит Љ. бил пренесен во МЦ – Куманово, каде е констатирана смрт кај истиот.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *