Албанец со фалсификувана патна исправа се пријавил за излез на ГП „Табановце“

Сподели со своите пријатели

Доцна вчеравечер околу 22 часот на ГП „Табановце“ за излез од Република Македонија се пријваил граѓанин на Република Албанија Г.С. (28), додека автомобилот го управувало лицето Б.Е. исто така од Албанија.

Loading...

Како што информираат од МВР при проверка на патната исправа  утврдено е дека истата е фалсификувана сo отстранување на делови од страници, како и вметнување на страници од друга патна исправа.

По обавен разговор истиот изјавил дека поседува забрана за влез во земјите на ЕУ, односно во Р.Австрија. Г.С. со наведената патна исправа остварил влез во РМ, истиот ден во 20,15 преку ГП „Долно Блаце“.

Во 23,05 часот, со потврда лицето и патната исправа се предадени на УПС од СВР-Куманово за понатамошно постапување.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.