Албанец со фалсификувана патна исправа сакал да ја напушти земјава

Сподели со своите пријатели

РЦ за ГР Север поднесе кривична пријава против албанскиот државјанин С.Е.(26) поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“, инфомирмираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Пријавениот, на 23.11.2015 година, околу 01.40 часот, на ГП „Табановце“ приложил фалсификувана албанска патна исправа, а од преземени мерки е утврдено дека во патната исправа извршил замена на четири страници, поради претходно издадена забрана за патување во земјите од ЕУ.