Албанец со фалсификувана патна исправа приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Државјанин на Република Албанија во текот на вчерашниот ден бил приведен на Граничниот премин „Табановце“ поради обид за напуштање на државата со фалсификувана патна исправа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено триесетгодишниот Д.Е. од Албанија вчера е лишен од слобода при пасошка контрола на службениците на граничниот премин. Истиот бил приведен и предаден на полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово поради понатамошна постапка.