Албанец и Србин лишени од слобода на Табановце

Сподели со своите пријатели

Во два одвоени случаи вчера на Граничниот премин Табановце биле приведени државјани на Србија и Албанија.

Loading...

– На 04.02.2020 во 17.15 часот на Граничниот премин „Табановце“, при контрола во личниот багаж на К.М.(23) од Р.Албанија, биле пронајдени 17 куршуми за гасен пиштол, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил приведен и заедно со пронајдените предмети бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

– Во 14.50 часот на Граничниот премин „Табановце“ од слобода бил лишен И.М.(42) од Р.Србија, затоа што при проверка било констатирано дека се наоѓа на СТОП-листа, велат од МВР.

Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошана постапка.

Leave a Reply