Алат, дезодоранси, прашок за перење, сок… запленети на Табановце

Сподели со своите пријатели

Цариниците на Граничниот премин Табановце во текот на изминатата седмица имаат запленето поголема количина алат, дезодоранси, прашок за перење, сок…

Loading...

Како што информираат од Царинската управа, при контрола на бугарски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за увозно царинење на камионска приколка, во царинската испостава Табановце автопат, во кабината на влекачот и во просторот за палети на приколката биле пронајдени 256 парчиња алат и делови за алат, 47 парчиња автоделови, 90 килограми прашок за перење, 70 дезодорански, 36 литри сок и 8 освежувачи за воздух.

Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Leave a Reply