Луѓето го започнаа шестото масовно изумивање на планетата Земја – цицачите, птиците и влечугите исчезнуваат со иста брзина како претходните пет масовни уништувања предизвикани од катаклизмички сили.
Бројот на луѓето на Земјата е зголемен за дури 130% во последните 50 години, а до 2060 година би можел да достигне и цифра од над десет милијарди. Паралелно со тоа раст еи потребата од ресурси, луѓето ќе стануваат се побогати, а природата тоа ќе го наплати.
СЗО: Алармантни бројки за дебелината и употребата на цигари и алкохол во Европа
Специјалното издание на магазинот „Природа“ предупредува дека зиумивањето моментално се заканува на дури 25% од сите цицачи и 13% од сите птици. Главни причинители е претераниот лов, загадувањето, губењето на живеалиште, доаѓањето на инвазивни видови, како и низа други проблеми кои ги има предизвикано човекот.
Научниците во предупредувањето наведуваат дека изумивањето на животот на Земјата е неизбежно, совен ако луѓето не започнат да штитат живеалиштата, да го променат начинот на исхрана и да ги исправат останатите грешки.
Што би се случило кога на само 5 секунди Земјата би останала без кислород? (видео)
Губењето на биодиверизитетот (биолошката рамнотежа) би можела да предизвика губење на природните ресурси кои им се пторебни на луѓето. За да се сочува екосистемот, мора на дините генерации да им се обезбеди биолошка разновидност, дури и во моменти на забрзани глобални промени, порачуваат научниците.
Пред 3.000 години Земјата изгубила половина од големите копнени цицачи потешки од 44 килограми и 15% од сите видови птици.

