АЛАРМАНТНО: 78% од кумановци подготвени да ја напуштат Македонија

Сподели со своите пријатели

Кумановци би ја напуштиле Македонија веднаш откако би им се укажала таква можност, и тоа дури 78 отсто од испитаниците кои учествуваа во нашата Инстаграм анкета.

Loading...

На прашањето „Доколку ви се укаже можност дали би ја напуштиле Македонија?“ позитивно се изјасниле 545 испитаници, додека 151, или 22 отсто, одговориле со „не“.

Фактот дека поголемиот дел од нив се изјасниле дека тоа не би го сториле трајно, веројатно говори дека имаат потреба за привремена работа во странство, по што би се вратиле дома.

Околу 56 отсто од испитаниците на прашањето „Дали би ја напуштиле Македонија засекогаш“ се изјасниле со „не“, или вкупно 380 од анкетираните. Но, и натаму загрижува фактот што 44 отсто (300 испитаници од анкетата) повеќе никогаш не би сакале да се вратат во земјава.

Loading...

Ги прашавме и која земја би ја избрале, а одговорите беа повеќе од интересни. Најголем дел од нив ја избраа Германија, САД, Швајцарија, а голем дел од испитаниците се изјасниле дека би заминале и во некоја од скандинавските земји.

Анкетите беа спроведени на Инстаграм профилот @kumanovskimuabeti.mk. Во првата учествуваа 696 лица, а во втората 680.

Leave a Reply