Акутната фаза на пандемијата ќе заврши во 2022, предвидува Бил Гејтс

Сподели со своите пријатели

„Акутната“ фаза на пандемијата на коронавирус ќе заврши во 2022 година, предвиде основачот на Мајкрософт Бил Гејтс на својот блог, но варијантата на коронавирусот Омикрон ја нарече „загрижувачка“, пренесува Russia Today.

Loading...

– Можеби не е паметно да се предвидуваат работите, но мислам дека акутната фаза на пандемијата ќе биде завршена во одреден момент во 2022 година – напиша милијардерот на својот блог.

 

 

Фармацевтските компании во минатото имаа големи проблеми со продажбата на нивните вакцини против грип, бидејќи тие имаат релативно ниска ефикасност во споредба со другите вакцини, бидејќи научниците треба да предвидат кој вид на вирусот ќе биде распространет во дадена година.

Гејтс, сепак, има цврст став кога станува збор за терапии и истакнува дека фармацевтскиот гигант Мерк неодамна доби одобрение од ФДА за својот антивирусен лек молнупиравир, кој се препишува на луѓе со висок ризик од тешка болест од коронавирусот. Оваа пилула „значително ги намалува шансите за хоспитализација или смрт од КОВИД“, напиша тој.

Тој призна дека, и покрај широката употреба на вакцини против корона ширум светот, повеќе луѓе починале од Ковид во 2021 година отколку во 2020 година, додавајќи дека подобрувањето оваа година не било „драматично“, како што се надевал.

Loading...

 

 

Тој ја нарече појавата на корона од типот Омикрон „загрижувачка“, но нагласи дека „светот е подобро подготвен да се бори со потенцијално опасните варијанти“ отколку што беше.

Инаку, јужноафриканските научници кои ја открија варијантата Омикрон тврдат дека симптомите на болеста предизвикана од овој вид на вирусот се генерално поблаги.

Богатството на Гејтс се зголеми на 137 милијарди долари за време на пандемијата (четвртиот најбогат човек во светот).