Активно се работи на реконструкција на малиот плоштад во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Малиот плоштад во Куманово добива сосема нов и модерен лик, најави градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

 

 

Како што информираше тој, активно се работи на реконструкцијата на градскиот плоштад „Маршал Тито“.

 

 

Loading...

– Активно се работи на реконструкција на малиот плоштад. Работата на терен се одвива според утврдената динамика, рече градоначалникот.

 

 

Реконструкцијата на плоштадот сепак се одвива внимателно, со цел да се зачуваат спомен облежјата кои се наоѓаат таму, но и самото место да ја задржи автентичноста.

 

 

Loading...

Предвидено е на малиот плоштад да се смени подлогата, да се замени урбаната опрема, канделабри, клупи, жардиниери, осветлување, а акцент ќе се стави на спомениците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

 

 

Улицата која ги двои двата плоштада и која во моментов се користи за сообраќај ќе се менува, ќе биде поставена подлога за да има целина со зоната на малиот плоштад.

 

 

Loading...

Во иднина возачите ќе ги оставаат возилата на катната гаража и кај „скопски дуќани“, појаснија претходно од секторот за урбанизам.

 

 

Реконструкцијата на малиот плоштад е една од фазите, која треба да доведе во иднина до целосно спојување на двата градски плоштада.

 

Loading...

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски