Ако за 48 часа не стигне помош во Газа, 14.000 бебиња би можеле да умрат

Сподели со своите пријатели

Шефот на ОН за помош, Том Флечер, денес го повтори предупредувањето дека дури 14.000 бебиња би можеле да умрат во следните 48 часа ако помошта не стигне до Газа.

Loading...

„Сакам да спасиме што е можно повеќе од овие 14.000 бебиња во следните 48 часа“, рече Флечер, додавајќи дека бројката е „исклучително застрашувачка“, пренесува Би-Би-Си.

Тој нагласи дека е потребно „Газа да се преплави со хуманитарна помош“.

„Ова е она што го правиме, продолжуваме. Ќе биде фрустрирачко, ќе бидеме расеани и изложени на големи ризици. Но, не гледам подобра идеја од тоа да донесеме храна за бебиња“, рече тој, според Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет камиони со хуманитарна помош на ОН влегоа во Газа по тримесечна блокада

Откако вчера пет камиони со помош ја преминаа границата, Флечер се надева дека денес 100 камиони ќе преминат во Газа.

„Ќе биде тешко“, рече тој, истакнувајќи дека очекува пречки на секој чекор.

„Но, ние ќе ги наполниме тие камиони со храна за бебиња и нашите луѓе ќе ги преземат тие ризици“, додаде тој.

Флечер рече дека камионите содржеле „храна за бебиња и хранливи производи“.

Loading...