Занатскиот дом во Куманово во 2016 ќе блесне во нов сјај

Сподели со своите пријатели

Советниците на последната одржана седница го усвоија амандманот со кој се одобрени седум милиони денари, т.е средства наменети за кофинансирање на проектот за санација и адаптација на Занатскиот дом во Куманово.

Loading...

Усвојувањето на амандманот следи по претходно донесена одлука на Советот за регионален развој на Североисточен плански регион Куманово за ставање на реконстуркцијата на Занатски дом на приоритетна листа на проекти со која Центарот за развој на североисточен плански регион треба да аплицира (краен рок 15 декември 2015) по Програмите за регионален развој на Министерството за локална самоуправа од буџетот на РМ за 2016 година, вели Атина Мургашанска, заменик-раководител на Центарот за развој на СИПР Куманово.

– Средства за кои според Одлука на регионалниот совет на СИПР, Центарот за развој на СИПР ќе аплицира за наведениот проект по Програмите за регионален развој за 2016 изнесуваат 13.247.100,00 денари. Поради значење на овој проект кој е од општ јавен интерес за општината, а целата проектна документација е во завршна фаза, вели Мургашанска. 

Проектот за санација и реконструкција на Занатскиот дом предвидува нова фасада, осветлување на објектот, адаптација на главната сала, гардеробери, ново бифе и останати простории кои се во сопственост на општината.