Ако сакате да влезете во оваа куќа мора да потпишете договор дека прифаќате ризик (видео)

Сподели со своите пријатели

Округот Оранж во Калифорнија не е познат по лошите работи, туку по својот гламур. Меѓутоа, не постои ништо гламурозно во „17-те врати во Тустин“, куќа која имено толку е застрашувачка што пред да влезете мора да потпишете договор во кој пишува дека ги разбирате ризиците од добриот страв.

Loading...

Во договорот уште пишува дека никој не превзема одговорност доколку нешто им се случи на гостите на куќата. Утешно, зарем не?

Накратко кажано влегувате на сопствени ризик. Меѓутоа, сепак постои еден начин да се чувствувате сигурно. Просторот сепак го обезбедува еден „безбедносен збпр“ кој можете да го искористите во било кој момент доколку навистина се исплашите надвор од рамките на забавата.

„17-те Врата“ се засноваат на кошмарите на фиктивната тинејџерка Паола и навистина изгледаат така. Не само што внатре нешто ќе ве допира, а тоа нешто се добро костимирани актери кои се појавуваат од никаде, туку ќе ве следат и допираат и многу други работи.

kuca-uzasa-foto-jutjub-1444679547-760531

Доколку тоа не е доволно, очекувајте дека ќе чувствувате страшен мирис кој би требало да ве потсети на расипано месо. Да, точно е, можете да го помирисате во име на забавата.

На својот сајт тие се опушуваат со следните зборови:

Се во оваа „реалност“ која ги напаѓа вашите сетиле е реално. Се што ќе почувствувате на вашето тело, топлината, замрзнувањето, наежувањето, се е реално. Тешкиот мирис кој ќе го регистрира вашиот нос е реален. Знајте дека кога ќе влезете во заледениот орман опкружени сте со демони, онашто виси од куките навистина е реално. И кога ќе се најдете во некоја студентска соба тоа што може да ве удира испод нозете и долж ѕидовите е реално. Прашањето е: „Дали ќе издржите?“

Домаќините се доволно љубезни на луѓето да им пружат можност да завршат по 32 минути искуство и да го кажат зборот „милост“. Доколку го кажете ова гласно, ќе ви биде дозволено да одите, но нема да ги добиете парите назад.

Loading...

Дали ова ви звучи како забавно?