Ако сакате да го почуствувате царскиот живот, можете во Русија

Сподели со своите пријатели

Туристите заинтересирани за руското царско минато сега можат да се возат со специјален воз низ планините на Урал на патот што го минувале некои членови на семејството на царот пред да бидат погубени во 1918 година.

Loading...

Возот што сообраќал три часа помеѓу Екатеринбург и Алапаевск е опремен со вагон во кој туристите можат да пробаат облека слична на онаа што ја носело руското благородништво на почетокот на 20 век, објави Ројтерс.

По пристигнувањето во градот, туристите се превезуваат со автобус до места што биле од особено значење за членовите на кралското семејство.

Возот за прв пат тргна во саботата под покровителство на регионалните власти.

Рускиот цар Николај Втори, неговата снаа и петте деца и големата војвотка Елизабета Фјодоровна (Романова) биле убиени ноќта на 18 јули 1918 година, а подоцна била изградена црква на местото на убиството во Екатеринбург.

 

Leave a Reply