Одговарале на прашањето: „Што би сакале да сте расправале со партнерот пред да го започнавте заедничкиот живот?“.
Најголемиот број парови одговориле: „Како ќе го поделиме плаќањето на сметките?“.
Покрај тоа, 16 отсто од паровите признале дека распределбата за плаќање на сметките била најтешката тема која требало да ја започнат.
Меѓутоа, иако започнувањето на таа тема може да биде непријатна пред вселувањето, одложувањето на разговорот само ќе ја отежне и влоши ситуацијата. Затоа на паровите им се советува сите прашања во врска со плаќањето на сметките да ги расчистат пред да се вселат во заедничкиот дом.
Поголемиот дел од паровите проблемот го решаваат, такашто секој плаќа по половина, а некои пронаоѓаат и други начини за да плаќањето на сметките биде поправедно.
Кој начин да го изберете, најважно е на време да разговарате за тоа со партнерот, за да избегнете било какви непријатни изненадувања кога ќе започнете да живеете заедно.