29.08.2017 02:13

Ако некогаш сте се запрашале како ЗОЛВА, ЈАТРВА, СВЕКРВА го добиле името….

Facebook Twitter Google+

Золва, јатрва, зет…. Кај нас секој роднина има свое име, а често е тешко да се запамети кој е кој и кому. Уште поинтересни се легендите како настанале тие зборови.

За некои имиња на роднините едноставно не постои објаснување. Невозможно е да се пронајде како настанал зборот, а добар дел од нив се стари со векови и всушност не претставуваат нешто посебно и не биле изведени од други зборови, туку некој се досетил дека тоа би биле идеален збор за некого во семејството.

Золва

Золва е сестра на сопругот, на која вие сте и снаа. По правило золвите и снаите не се поднесуваат, поради големата љубов на сестрата кон братот, кој едноставно е истакнувана и во старата поезија. Золва преставува спој на двата збора „зло“ и „ова“.

Јатрва

Јатрвите се сопрузи на двајца браќа. Тие секогаш се натпреваруваат која ќе биде подобра и која ќе добие поголема наклонетост и симпатии од семејството. Самиот збор е изведен од зборот јетра (црн дроб), затоа што тоа е жена која ви ја јаде етрата (црниот дроб) и ви предизвикува големи маки.

Свекрва

Постои врежано мислење дека мажите ги бираат сопрузите според своите мајки, а мајките секогаш сакаат најдобро за своите синови. Поради тоа често снаата и свекрвата не се поднесуваат. Така мајката на мажот секогаш за е виновна за се, па и и зборот свекрва (крива за се).

Снаа

Семејството на мажот и роднините сопругата на својот роднина ја нарекуваат снаа. Снаа е прилично стар збор во нашиот јазик. Најверојатно потекнува од индоевропската форма снусос, која означува некој вид врзување, создавање нови семејни односи.

Зет

Семејството на жената и роднините сопругот на својата роднина го нарекуваат зет. Во прашање е старословенски збор, а според некои избори настанал од грчкито збор генх (жен) која значи давање живот.

Чичко

Името за братот на таткото потекнува од индоевропскиот назив за татко пштруо. Од него е изведен нов збор, кој може да се преведе како втор татко.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments