Ако мислевте дека сте пробале се: Кинезите измислија пица од змија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Американската компанија „Pizza Hut“ се здружи со ресторан во Хонг Конг за да создаде необично јадење, змиска пица, кое можете да го пробате доколку некогаш се најдете во Кина.

Loading...

Новата понуда комбинира сечкано змиско месо, црни печурки и кинеска сушена шунка – сите основни состојки на автентична змиска чорба.

Некои гости во Хонг Конг и низ јужна Кина долго време уживаат во чорба од змија, особено за време на постудените месеци.

Според една изрека на локалниот кантонски дијалект, најдобро време за јадење змија е „кога ќе почне да дува есенски ветар“, односно кога змиите се гојат за да се подготват за хибернација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Носат ли црните мачки навистина несреќа? (ВИДЕО)

Многумина веруваат дека змиското месо има лековити својства, ја подобрува состојбата на кожата и го загрева телото.

Богатата кулинарска култура базирана на змии е вообичаена и во други делови на Југоисточна Азија, како што се Виетнам и Тајланд, каде што змиите најчесто се одгледуваат за конзумирање.

Во официјалното соопштение на компанијата „Pizza Hut“ во Хонг Конг, се наведува дека пицата со змиско месо претставува чекор напред од конвенционалниот концепт на пица, како и предизвик за нечиј вкус.

– Во комбинација со сирење и пилешко исечено на коцки, змиското месо станува побогато по вкус. Во комбинација со пица, тоа претставува скок од конвенционалниот концепт за тоа што значи да се одржи добро здравје, а истовремено да се предизвикуваат вкусовите, се вели во соопштението на Pizza Hut Hong Kong пред јадењето да се најде во продажба минатиот ноември, додавајќи дека хранливото месо може да го зајакне циркулација, крв, што е вообичаено верување во традиционалната кинеска медицина.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто полициското комбе се нарекува и марица? (ВИДЕО)

Синџирот се здружи со Sir Wong Fun, ресторан за змии во центарот на Хонг Конг со корени од 1895 година, за да дојде до најновиот рецепт.

Змиската пица од 22 сантиметри е во продажба до 22 ноември.

Оние кои ја пробале пицата откриле дека текстурата на змијата е слична на суво пилешко.