Ако имате симптоми на коронавирус, јавете се на матичен лекар

Сподели со своите пријатели

Ако имате симптоми типични за коронавирус, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, јавете се кај вашиот матичен лекар, велат од Министерството за здравство.

Loading...

Матичните лекари, како што појаснуваат надлежните, преку епидемиолошка анкета, ќе утврдат дали треба да се тестирате или не. Доколку треба, преку системот „Мој термин“ тие за вас ќе закажат точно време и место за тестирање.

Од вчера во функција се 14 центри за тестирање на територијата на целата земја за земање на брисеви и тие се веќе објавени на сајтот на „Мој термин“.

Со ова практично во функција ги ставаме сите близу 1.200 матични лекари, коишто ќе се вклучат во процесот на дијагноза, но и во водењето на пациентите, додаваат од министерството.

Никола Ивановски

Leave a Reply