Акцијата „Удар“ за апсење на претседателот на кумановскиот суд снимена од МВР (видео)

Сподели со своите пријатели

Сузбиена е криминална група која се занимавала со лихварство и изнуда, а меѓу уапсените е и претседателот на Основниот суд во Куманово, на кого му е одземен судскиот имунитет.

Loading...

Осомничената група покрај тоа што на должниците на кои им позајмувала пари, им одредувала енормно високи камати, се заканувала по животот на истите.

Претседателот на судот е осомничен дека во неколку наврати остварил блиски средби со првоосомничениот, односно организаторот на криминалната група, и примил поткуп во висина од 19.000 евра за ослободување на лице од затвор поради сторено убиство во Куманово во 2012 година.

Во рамки на акцијата „Удар“ која утринава ја спроведе Министерството за внатрешни работи приведени се 11 лица, а по една се трага.

Од МВР информираа дека истрагата продолжува.