Акцијата „Нахрани 10.000“ утре и во Куманово

Сподели со своите пријатели

Акцијата „Нахрани 10.000“ утре ќе се одржи на 29 локации, меѓу кои и Куманово. Како што информираат од невладиното здружение „Сите сити“ акцијата ќе трае од 10:00 до 18:00 часот во маркетите Тинекс и Елида во центарот на градот.

Loading...

– Се надеваме дека и овојпат ќе имаме успешна акција како и претходните. Однапред Ви благодариме на соработката, велат организаторите.

Оваа акција се организира во рамки на „Неделата на солидарноста” што годинава од 15 до 21 април се одбележува под мотото „Вашиот прилог значајна помош” со целни групи семејства кои живеат во рурални подрачја и се од социјално ранливи категории.

Leave a Reply