Акција „Бегалец“ на МВР: Приведени 59 лица за две седмици за затворски казни до десет години

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи во рамки на оперативната акција „Бегалец“ презема интензивни мерки за пронаоѓање и приведување лица кои се предмет на потрага, односно се бараат за издржување затворска казна од казнено поправните институции во земјава, изјави денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Loading...

-Од досега преземените активности во периодот од 15.09 до 01.10.2020 на територијата на Република Северна Македонија пронајдени се и приведени се 59 лица кои потоа се спроведени за издржување на затворска казна до десет години и се спроведени во казнено поправните институции, посочи Ангеловски.

Покрај тоа, додава, МВР во соработка со полициите од другите земји, презема интензивни мерки и активности за пронаоѓање и екстрадирање на лица кои избегале од нашата држава, а се предмет на потрага на нашите институции.

– Од Германија е екстрадирано лице кое се бара за издржување затворска казна од 32 години и шест месеци. Од Австрија е екстрадирано лице кое се бара за затворска казна од десет години, а исто така екстрадирани се и повеќе други лица во овој период, информира портпаролот на МВР.

Дополнува дека Одделението за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка продолжува со интензивни активности за пронаоѓање и приведување на лицата кои се бараат со потерници.

Неда Димова-Прокиќ

Leave a Reply