Акциите на европските одбранбени компании денеска доживеаја голем пад бидејќи инвеститорите стравуваат дека политичката нестабилност во Русија по бунтот на паравоените сили на групата Вагнер може да ја скрати војната во Украина, пишува лондонски Фајненшл Тајмс.
Италијанската одбранбена групација Леонардо, шведскиот Сааб и германскиот Рајнметал првично паднаа повеќе од пет отсто пред малку да закрепнат, додека акциите на француската групација Дасо Авијација и Талес паднаа за 2,3 отсто, односно 1,6 отсто.
Акциите на BAE Systems, најголемата европска одбранбена компанија, паднаа за три отсто во утринската трговија пред да закрепнат, но сепак паднаа за 1,8 отсто.
Падот дојде откако паравоената група Вагнер во саботата започна краткотраен бунт против министерот за одбрана Сергеј Шојгу и рускиот воен командант Валериј Герасимов, кого паравоениот началник Пригожин го обвинува за лошата состојба на украинскиот фронт.
Надеж за мир во Украина
Иако оружјето и опремата испратени до украинските сили доаѓаат од националните залихи, компаниите имаат корист од новите нарачки од почетокот на војната, пишува Фајненшл тајмс и пренесува Бета.
Во Германија, Рајнметал објави рекордна заработка во март и ја зголеми прогнозата за следната година.
Компанијата имаше голема побарувачка за тенкот Леопард 2, како и муниција за него.
Денешното движење на цената на акциите е резултат на појавата на „надеж за мир во Украина“ по настаните во Русија за време на викендот, изјави близок до Рајнметал.
Од истражувачката група „Капитал Алфа Партнерс“, Бајрон Калан рече дека дури и да се постигне прекин на огнот во Украина во 2024-2025 година, Русија сепак може да се гледа како воена закана и дека Украина ќе мора да ја обнови својата војска со помош на Европа и САД, и дека е „малку изненаден“ од падот на европските цени на акциите.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.