Академскиот сликар Кашавелски е добитник на златен медал на изложба во Лувр (фото)

Сподели со своите пријатели

Во конкуренција на шестотитина уметници од целиот свет, академскиот сликар од Куманово, Синиша Кашавелски, е добитник на златен медал во категорија сликарство.

Златниот медал беше доделен на годишната изложба “Salon des Beaux Arts” во организација на Националното здружение на ликовни уметници на Франција.

D`OR

Loading...

Изложбата има долгогодишна традиција, вели Кашавелски, и се одржува во престижниот Музеј Лувр во Париз и тоа од подоцнежните години на 19 -тиот век.

Годинешниот Салон на убавите уметности се одржа во суператрактивниот изложбен дел, т.е под Стаклената пирамида во Лувр, и тоа од 17 до 20 декември. Ова година учестуваа околу 600 – тини уметници од целиот свет во секции сликарство, скулптура, гравура, фотографија и илустрација. Во Карусел салите под Стаклената пирамида на Лувр беа изложени 350 слики од исто толку автори од сите континенти, 50 скулптури, како и околу двесте фотографии, гравури и илистрации, вели Кашавелски. 

temtation

фото: Искушение – првонаградената слика на Изложбата во Лувр

За Кашавелски,  самото учество на изложбата претставува привилегија.

Поканата дојде откако го освоив златниот медал на Зимскиот салон во Grand Pale во Париз минатата година. Искрено ја очекував ова награда, но признавам дека многу ме израдува и ми дојде како еден убав и инспиративен блесок.

Кашавелски во моментот се подготвува за уште една престижна манифестација, а станува збор за Изложба на портрети во Националната галерија во Лондон, откако во изминатите години, неговата творечка работа му донесе бронзен медал на одржаниот Зимски салон во Париз 2012 година, како и сребрен медал во 2013.

Академскиот сликар по потекло од Куманово е истотака добитник на наградата “Димитар Кондовски” на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.