„Ајфон 12 – 5G“ со нов екран и нов изглед (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По подолго исчекување, Епл ги претстави својот најнов паметен телефон „Ајфон 12 – 5-Г“, како и неговите „мини“ и „про“ верзии, со нов екран и нов изглед.

Loading...

„Ајфон 12 – 5-Г“ чини 1.099 американски долари, а „Ајфон 12 – 5-Г мини“ – 999 долари. Тие се одликуваат со поквалитетно снимање во темно, „Ха-де-ер долби вижн“ видеа, како и со 50 отсто побрз процесор. Како полнач, како што велат од компанијата, ќе се користи нов, еколошки кабел што за своето производство изискува помала употреба и испуштање јаглерод.

И новите паметни телефони ќе бидат водоотпорни.

Епл ги претстави и двете верзии „Ајфон 12 – 5-Г про“ со екрани од 15,5 и 17 сантиметри, но и поквалитетна камера, односно 2,5 пати поголем зум.

Овие модели ќе бидат достапни во темносива, сребрена, златна и сина боја. Помалиот модел излегува задутре, на 16 октомври, а поголемиот – на 6 ноември.

 

 

Loading...

Слободан Иванов

Leave a Reply