Airbnb обезбеди уште милијарда долари во борба против вирусот

Сподели со своите пријатели

Дигиталната платформа за резервации на сместување Airbnb објави дека обезбедила 1 милијарда американски долари нови инвестиции за да ги ублажи ефектите од пандемијата на коронавирусот.

Loading...

Инвестициските фондови Silver Lake и Sixth Street Partners инвестираа во „Ербнб“ со купување на долгови и хартии од вредност, се вели во соопштението на компанијата.

Германците „ги кодошат“ соседите во полиција поради коронавирусот

Извршниот директор на „Airbnb“, Брајан Чески, изрази задоволство од „неверојатното партнерство и поддршка“, истакнувајќи дека тоа ќе им помогне да инвестираат во својата заедница на изнајмувачи.

Загубите се поголеми?

Airbnb во март одвои 250 милиони долари помош за изнајмувачите кои на клиентите кои мораат да ги вратат парите по откажувањето на резервациите поради пандемијата на коронавирус.

Со тоа се обидоа да им удоволат, со одлуката да им го врати целокупниот износ на пари што им се исплаќа на гостите, без никакви такси за откажување на резервацијата.

Држави во кои досега нема регистрирани случаи на коронавирус

Loading...

Во моментов е нејасно дали новата инвестиција ќе влијае на плановите на „Ербнб“ да ги наведе акциите оваа година, соопшти ДПА.

Американските медиуми објавија дека компанијата има проблеми кон крајот на минатата година, па „Блумберг“ во март извести дека загубите речиси двојно се зголемиле во последните три месеци од минатата година.

Leave a Reply