АХВ: Пријавете небезбедна храна за време на празниците

Сподели со своите пријатели

Инспекциските  служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во пресрет на Новогодишните празници, покрај редовните, почнаа со спроведување на вонредни, засилени контроли на специјализираните продавници за храна од животинско потекло и во угостителски објекти.

Контролите се спроведуваат на целата територија на државата и со нив ќе бидат опфатени и туристичките места Маврово, Попова Шапка, Охрид, Струга, Берово и Дојран. Целта на контролите е елиминирање на можноста на пазарот да се пласира небезбедна храна, спречување на евентуални труења и инфекции и заштита на здравјето на граѓаните и правата на потрошувачите.

АХВ ги охрабрува граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната да ја пријават на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22, но и лично, или на електронската пошта [email protected]