Агуеро удри фан (видео)

Сподели со своите пријатели

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро ги изгуби нервите по сензационалниот пораз од Виган во 1/8-финалето на ФА Купот и удри фан на домаќините.

Грдите сцени се случија секунди по последниот судиски сигнал. Тогаш радосните приврзеници на тимот од Лига 1 упаднаа на теренот, а видливо нервозниот Агуеро удри еден од нив во лицето. Фанот на Виган не се вознемири особено и му рече нешто на Аргентинецот, кој веднаш се стрча кон него, но беше задржан од фудбалери на двата тима.

Невоздржаното однесување на Агуеро сигурно ќе му донесе строга казна. Во текот на самиот натпревар напаѓачот направи неколку промашувања, а инцидентот со навивачот на Виган беше уште поразочарувачка.

Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола исто имаше мала епизода. Тој влезе во конфликт со својот колега Пол Кук на крајот од полувремето, кога Фабијан Делф доби црвен картон. Двајцата не сопреа со расправијата во тунелот, но по натпреварот сепак си пружија рака.

Сити загуби со 0:1, а единствениот гол го постигна Вил Григ во 78-та минута. Во 1/4-финалето, тимот од Лига 1 ќе се сретне Саутемптон во обид да го елиминира четвртиот елитен тим во турнир.

Loading...

Leave a Reply