Агресивно куче напаѓаше луѓе низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Агресивно куче, утринава нападнало тројца ученици од училиштето „Крсте Мисирков“ во Куманово и неколку возрасни граѓани.

Loading...

Како што вели директорот на училиштето Филип Колевски, инцидентот се случил за време на големиот одмор на 20 до 30 метри од објектот.

Кучето било многу агресивно, се давело со останатите улични кучиња, но и нападнало и деца и возрасни.

За ситуацијата да не ескалира, вработени од ЈП „Чистота и зеленило“, полицајци и луѓе од околината се обиделе да го набркаат кучето, но трите деца веќе биле каснати.

Според директорот Колевски, децата немаат посериозно повреди, но се упатени во Скопје да примат вакцина против беснило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  50 хектари површина изгоре во пожарот во Ваксинце и Слупчане

– Добар дел од луѓето минале без некои рани. Овие три деца имаат мали рани, како што јавија родителите од она што е поминато како преглед на хирургија кај сите тројца нема да има некоја хирушка интервенција, но благи рани и ќе треба да примат вакцина за беснило. Упатени се кон Скопје, бидејќи немало вакцина тука, вели Колевски.

Претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска откако дознала за случајот веднаш ги алармирала инспекциските служби кои побарале интервенција од Ветеринарно – сточарскиот центар „Тодор Велков“ кои кучето го заловиле.

– Од страна на испектор за храна и ветерина е направен записник каде е констатирано дека тоа куче е агресивно и понатаму ќе се постапи согласно напатствијата. Подготвуваме и од утре започнуваме една поинтензивна контрола во близина на сите училишта со цел да се спречат и превенираат вакви инциденти, вели Бобан Бојковски, од општинскиот инспекторат.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  „БМВ“ се запалило во движење на булеварот „Октомвриска револуција“

Како што појаснува Бојковски, кучето не било чипирано, а се претпоставува дека било чувано и некому избегало.

– По дојавите, кучето е седирано и заловено. Во моментов е префрлено во прифатилиштето. По нашите проверки во присуство на овластен ветеринарен инспектор од Агенција за храна и ветеринарство за општина Куманово и на комунален редар од општината, кучето не е евидентирано како куче скитник. Ова куче најверојатно е посегнато и му се исечени ушите, изјави директорот на ВСЦ „Тодор Велков“, Зоран Пешевски.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово го потврдија инцидентот и информираат дека досега има осум пријави од граѓани, од кои четири се за малолетни лица искасани од кучето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изгаснат пожарот во Длабочица, изгореа 50 хектари бор и даб

Никола Ивановски