Африканска свинска треска се шири низ Германија

Сподели со своите пријатели

Три нови случаи на свинска треска се регистрирани во Германија, во државата Бранденбург во источниот дел од земјата, соопшти денеска федералното Министерство за земјоделство.

Loading...

Со овие случаи на африканска свинска треска, вкупниот број на заразени животни од 10 септември досега се зголеми на 49 и се однесува исклучиво на дивите свињи, нагласи германското Министерство.

Имајќи предвид дека оваа болест е многу заразна, Министерството предупреди дека треба да се очекуваат уште повеќе заразени диви свиња.

Кина го забрани увозот на германско свинско месо веднаш по откривањето на првиот случај на африканска свинска чума.

Габриела Точко

Leave a Reply