Афера Дизелгејт: Дали Фолксваген е повторно фатен во афера?

Сподели со своите пријатели

Еден од најголемите скандали во историјата на автомобилската индустрија ја забрза електричната транзиција на Фолксваген, но се чини дека не ги направи попаметни.

Loading...

Доколку најновите наводи се покажат како точни, Фолксваген би можел повторно да седне на обвинителна клупа. Според Automotive News Europe, советник на Високиот суд на ЕУ рече дека софтверот на Фолксваген, познат како „Температурен прозорец“, е нелегален, освен во ситуација кога спречува дефекти на моторот.

 

 

Доколку Европскиот суд ја потврди оваа теза, Фолксваген повторно ќе биде во неволја, исто како и во 2015 година, кога беше докажана голема измама.

Ова е софтвер што ја контролира работата на вентилот за циркулација на издувните гасови, со што се намалува емисијата на честички NOx во атмосферата. Во Австрија, откриено е дека во одредени ситуации, кога температурата на амбиенталниот воздух е помеѓу 15 и 33 Целзиусови степени и надморска височина над 1000 метри, го исклучува вентилот и со тоа ја зголемува емисијата на NOx во атмосферата.

 

Loading...

 

Ова наводно спречува предвремено стареење на моторот, но тоа не значи дека софтверот е легален, изјави претходно Атанасиос Рантос, независен адвокат во Европскиот суд за правда.