Адмирал на НАТО: Подгответе вода, батериска лампа и транзистор

Сподели со своите пријатели

Адмиралот Роб Бауер, претседател на Воениот комитет на НАТО, ги повика јавниот и приватниот сектор на Запад да се подготват за период во кој сè може да се случи во секое време, вклучително и војна.

Loading...

Одговарајќи на новинарско прашање за неодамнешните изјави на шведските лидери, адмиралот рече дека е добро Швеѓаните психички да се подготват за војна.

– Мора да имате вода, радио на батерии и батериска светилка дома за да функционирате првите неколку дена. Тоа се основите. Не велам дека работите утре ќе тргнат наопаку, но не можеме да бидеме сигурни дека мирот ќе трае вечно. Затоа имаме планови за одбрана – рече Бауер.

Тој претходно на отворањето на дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел изјави дека „неопходна е трансформација на НАТО за време на војна“.

Тој нагласи дека владите и компаниите од таа алијанса живееле во време кога сè било во изобилство, се било предвидливо и можело да се контролира.