Поетесата Сања Атанасовска од Куманово во април беше на книжевна резиденција во црногорскиот град, Цетиње. Таму таа работеше на нов поетски ракопис, но имаше и поетски читања во училиштата во Цетиње.
Со својата поезија се претстави пред основци, но и пред средношколци. Читаше песни од своите збирки „Писмото на десетте прсти“, „Тапија од животот“ и „Стаклена градина“. Со учениците имаше можност да зборува и за општествено – политичкото живеење во двете земји, Македонија и Црна Гора, културата, процесот на пишување, и слично.
45 филмови на првиот „ФИЛМАЈ“ фестивал во Куманово
„Во училиштата бев топло примена, се сретнав со ученици од различна возраст и пред нив се презентирав себе си и својата книжевна работа. Читавме поезија, истата ја анализиравме заедно со професорите по црногорски јазик, разговаравме за процесот на пишување, опсегот на теми. Имав можност да се запознам и со преведувач кој преведувал дела од македонски на црногорски јазик. Цетиње е навистина прекрасен и инспиративен град и ќе ми остане во едно убаво сеќавање“ – вели Атанасовска.
Дел од песните кои се напишани во текот на престојот во Цетиње, вклучуваат и мотиви од самиот град, неговата архитектура, но и феноменот на „цетињски дождови“. Во текот на престојот, Атанасовска имаше можност да се запознае со богатата историја која ја има градот Цетиње, но и со локални автори.
Кумановскиот театар со награда за најхумористична претстава се врати од Бугарија (ФОТО)
Резиденцијата се реализира со помош на издавачката куќа Отворен културен форум oд Цетиње и меѓународната мрежа за промоција на книжевност и книга ТРАДУКИ. Оваа година освен Сања Атанасовска, гости во Цетиње беа и Хаџем Хајдаревиќ од Сараево и Бојан Кривокапиќ од Нови Сад.