Објавени првичните резултати од гласањето во Куманово

Сподели со своите пријатели

Државната изборна комисија ги објави првичните резултати од гласањето на претседателските избори во Општина Куманово, според кои кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски има благо водство пред Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и Блерим Река од Алијансата на Албанците.

Loading...

До 20:30 часот обработени се 12,26 отсто од избирачките места. Со 1.476 гласа води Стево Пендаровски, зад него со 1.060 е Блерим Река, а со 849 Силјановска-Давкова.

Во проценти, Пендаровски има освоено 42,10 отсто од гласовите, Река 30,23 отсто, а кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ има 24,22 отсто од гласовите.

Leave a Reply