Една стогодишна жена во Германија, поранешен наставник по физичко восптиување, се кандидирала за позиција во локалната управа во родниот град Кирхамболанден.
Лисел Хајсе отворила ново поглавје од својот живот откако најавила учество на изборите, а својата кампања ја фокусирала на повторното отворање на градскиот базен, кој бил затворен во 2011 година.
Хајсе, која веќе долго се бори повторно да се отвори базенот на таа локација, односно во центарот на градот, тврди дека често наидува на ситуација кога другит елуѓе го игорнираат нејзиното барање поради годините. Меѓутоа, сега кога наполнила 100 години сака своите години да ги сврти во своја корист.
– Често би ми го исклучиле микрофонот кога почнував да зборувам за базенот и вие тогаш прекинуват да зборувате нема смисла. Но, сега кога имам 100 години јас сум во поинаква положба. Сега имам можност да ги отворам устата и да кажам нешто, рекла таа за Ројтерс.
Гласањето во местото во западната држава Рајлеанд – Палатинат во која живеат околу 8.000 луѓе е закажано за 26ти мај.
Хајсе, баба и прабаба, учествува на изборите како кандидат на групата „Кирхамболанден тоа сме ние“, која се залага за одржлив развој и поголема граѓанска ангажираност.
Таа рекла дека нејзината цел е да направи повеќе за младите.