Приватно израелско летало се урна на Месечината

Сподели со своите пријатели

Во февруари за прв пат се слушна за израелскиот вселенски проект „Спејс ел“, кој го поддржа и американскиот милијардер Шелдон Аделсон, кој се подготвуваше првото приватно вселенско летало да го лансра на пат кон Месечината.

Loading...

Леталото на 11 април пристигна на планираната дестинација, се обиде да слета на Месечината, за да набргу се урне и изгуби контакт со Земјата.

Лансирањето се случи на 21 февруари, а леталото го понесе Фалкон ракета на компанија „Спејс екс“. Беше тешка 180 килограми, а испратена е во САД кон почетокот на февруари, па е лансирана од полигонот во Флорида. Се верувало дека не станува збор за богаташки хир, а поооради тоа што леталото било опремено со сензори за мерење на магнетното поле на Месечината, а тука се нашла и копија на Месечината која изгледа дека не успеала да помогне.

Анализите по катастрофата се уште не се завршени, но се укажува на тоа дека дошло до дефект на главниот мотор на околу 10 километри над Месечината, па леталото на површината на сателитот се урнало со брзина од 130 метри во секунда.

Експертите велат дека проблемот при слетувањето бил разбирлив, со оглед дека спуштањето на Месечината, Марс или било кој друг објект во сончевиот систем е екстремно тешо.

Така 100 милиони долари, колку се вложени во леталото, останаа на Марс, а мисијата се одвивала беспрекорно се до неколку минути пре спуштањето.

Доколку мисијата се завршеше успешно Израел ќе беше четврта нација која пристигнува до Месечината, а по САД, Русија и Кина.

Leave a Reply