На крадците им сече раце, ги каменува хомосексуалците, но во секунда заработува 150 долари

Сподели со своите пријатели

Со лично богатство од 28 милијарди долари, султанот од Брунеи Хасанал Болкијах, по талјандскиот владетел, е втор најбогат светски монарх. Сепак, овие денови би можел и да ја понесе титулата најомразен владетел во светот.

Loading...

Болкијах минатата недела донел еден од најригорозните закони според кој крадците ќе се казнуваат со сечење нар ацете, мислиманите кои пијат алкохол со камшикување, додека припадниците на ЛГБТ заедницата ќе ги каменува до смрт, а сето тоа врз основа на новиот шеријатски закон.

Првите реакции на тој чекор се појавија само неколку часа откако султанот ја објави одлуката.

Повикот на Џорџ Клуни на бојкот на неговите хотели, меѓу кои „Дорчестер“ во Лондон и „Беверли Хилс“ во Лос Анџелес, ги поддржаа и други познати личности како Џеј Лено, Елен Деџенерис, Шерон Озбурн, Ричард Бренсон, Клајв Дејвис…

Сепак, малку е веројатно дека бојкотот на султанот и откажувањето на одредени бизнис аранжмани од Бунеи ќе го наруши огромното богатство на Хасан Болкијах, чие лично богатство секоја секунда е поголемо за околу 150 долари и тоа најмногу од производството на нафта.

И покрај строгите шеријатски закони, самиот султан живее прилично развратно. Овој 72-годишник на престолот е веќе над половина век, цели 52 години. Се дружи со многу светски монарси, вклучувајќи ја и кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип.

Loading...

Познат е како сопственик на околу 7.000 скапоцени автомобили, а исто така поседува и неколку летала чија внатрешност е позлатена.

Султанот е прилично неуморен во трошењето на парите, па така подготвен е да плати 35.000 долари за да со приватен авион отпатува до својот омилен стилист да ја среди косата и брада, а тоа го прави еднаш неделно.

Кога еднаш ги заборавил обувките за поло, по нив испратил хеликоптер.

Меѓутоа, додека султанот Хасанал Болкијах и неговите браќа Јерфи и Мохамед го спроведуваат исламскиот закон, се останато што го прават е спротивно на Куранот и законите кои тој ги донел.

Раскошниот живот во султанатот излегол на виделина во 2001 година кога Јефри бил приселен да го продаде личниот имот на аукција, откако користел државна благајна како лична каса. Дневно трошел, во просек 747.000 долари во период од 10 години. На подароци на пријателите потрошил 17 милијарди долари.

Третиот брат Мохамед, наводно, живее развратен живот. Но, кога султанот му дал задача да го обнови стопанството, кое тој и Јефи го уништиле, си ставил во џев повеќе од две милијарди долари и веднаш добил отказ.

Loading...

Јефри некогаш се криел од својот брат во хотелите со пет ѕвездички ширум светот, а султанот наводно во домашен притвор го држен неговиот син Хаким, кој тогаш имал 25 години. Момчето, наводно, можело да го напушти Брунеи кога и да посака, но останал заробен атоа што немал претстава како да резервира билет на комерцијален лет.

За развратот и оргиите на султанскиот дворец се дознало уште во 1997 година кога прозборувала поранешната мис САД Шенон Маркетиќ, која подоцна го тужела султанот и неговиот брат Јефри. Таа на судот тврдела дека агенцијата за таленти посредувала во бизнисот во Брунеи вреден 3.000 долари дневно за „лично појавување и промотивна работа“:

Наместо тоа, според нејзиното признание, ја држеле како сексуална робинка.

ARCHIVES : SHANNON MARKETIC, MISS USA 1992 (Photo by © Sygma/Corbis/Sygma via Getty Images)

Морала секоја вечер да игра во приватниот ноќен клуб на султанот од 22 до 3 часот наутро каде ја третирале како проститутка. Таа за магазинот „Пипл“ рекла дека ја дрогирале и злоставувале, а кога конечно се вратила во САД ги тужела за 10 милиони долари поради душевна болка, кошмари, несоница и други трауми.

Браќата барале дипломатски имунитет, а султанот обвиненијата ги нарекол „полоши од убиство“. Случајот е отфрлен.

– Како што растеше декаденцијата, така растеше и бројот на американски девојки. Султанот ќе отвореше списание и ќе речеше ја сакам таа и таа. Ќе ја нарачаше, изјавила извесната Лорен, која и како Шенон била регрутирана.

Loading...

Таа вели дека многу девојки имале проблеми со покорноста која од нив се барала. Оние кои на тоа би се прилагодиле, морале да одат по неколку недели. Тука имало многу Филипинки и Тајланѓанки, кои едвај имале 15-ина години.

Девојките биле сместени во палатата на Јефри и ноќта морале да играат за  принцот и неговата делегација, со надеж дека тој една ќе избере да мине ноќ со него. Понекогаш земал и по неколку.

Лорен чекала со денови, а потоа еден ден по неа дошол Мерцедес и ја одвел во некоја деловна зграда. Таму ја одвеле во еден стан и ја заклучиле внатре.

– Минаа час-два. Внатре немаше весници, телевизри, па шетав горе-долу. Дури и ВЦ-то беше заклучено, па морав малата нужда да ја извршувам во канта за смет. Се тресев од студ, глад и нервоза. По четири часа, принцот се појавил. Воделе љубов, а принцот немал кондом. Кога завршил и рекол: „Беше многу убаво, но сега морам на состанок“.

Лонер вели дека принцот никогаш не користел заштита и никогаш прашал дали користела контрацепција, а не ја преглдале ниту дали боледува од полово преносливи болести.

Брунеи инаку има 415.000 жители. Влада обезбедува бесплатно образование, здравствена заштита, пензии и кредити со ниски камати за купување куќи и автомобили.

Loading...

 Нафтата е извор на целокупното богатство, а компанијат Шел во 70те години од минатиот век започнала да ја експлоатира. Списанието Форбс Брунеи ги сместил на петтото место на листата најбогати земји во светот.

Сепак, тоа не ја спасило од „досада“. Алкохолот е забранет, а ноќниот живот и културните настани не постојат.

Leave a Reply