На Чесите се повеќе им пречат странците

Сподели со своите пријатели

Се повеќе Чеси мислат дека во земјата има премногу странци, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мнение, кое во текот на март го спровела агенцијата „CVVM“.

Loading...

Како што се наведува во резултатите од анкетата, околу 40 отсто од испитаните граѓани сметаат дека во Чешка живеат преголем број странци, јавува чешката агенција „V4NA“, потсетувајќи дека, според резултатите од истото истражување минатата година, такво мислење делат 35 отсто од испитаниците.

Ангецијата наведува дека во Прага живеат нешто над 20 отсто странци, а околу 50 отсто од испитаниците сметаат дека странците во Чешка се економска потреба и дека не отсликуваат никаков проблем.

Анкетираните граѓани сметаат дека странците треба да усвојат вредности на чешкото општество.

Во Чешка живеат околу 660.000 странци со дозвола за постојан престој.

Leave a Reply