И денеска попладне услови за нестабилност

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и краткотрајно засилен ветер. Попладне и особено на југот повремено врнежите ќе имаат пороен интензитет и ќе има услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Како што додават, продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови.

Leave a Reply