Научниците оживуваат животно старо 42.000 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Научниците се убедени дека ќе успеат да извадат клетки од 42.000 години стар фосила на младенче на изумрен вид за да го клонираат овој праисториски вид и да го вратат во живот.

Loading...

Овој обид да се обнови одамна исчезнат вид на коњ послужил како поплочување на патот за подоцнежни обиди за оживувањ ена џиновски волнен мамут.

Оваа ждребе, старо најмногу две недели кога угинало, било сочувано во скоро совршена состојба во сибирскиот пермафрост, зона на вечен мраз и снег, цели 42.170 години, тврдат научниците.

По повеќемесечна интензивна работа на замрзнатиот коњ, заедничкиот истражувачки тим на руски и јужнокорејски научници е оптимистичен дека ќе дојде до клетки потребни за клонирање на примерот од видот Ленскаја кој изумрел пред околу 4.000 години.

– Истражувачите се сигурни во успехот на проектот. Се обиделе да продолжат до крајот на април, рекол извор во Североисточниот федерален универзитет во Јакутска, најстудениот град во светот кој е домаќин на овој проект, пренесува Сибериан тајмс.

Нивниот проект, велат, е во поодмината фаза па веќе се бира мајка која ќе има историска улога во раѓањето на ждребе од изумрениот коњ.

Loading...

– За првиот обид за клонирање најверојатно ќе се користат корејски коњи за сурогат мајка. Би требало совршено да се вклопат. Веќе некое време за клонирање се користи оваа технологија и е совладана до совршеност, рекла докторката од проектот Лена Григореја.

Овој вид коњ е прилично стар и наследник на монголскиот вид. Втора опција е да се користи јакутски коњ, вид од источниот дел на Сибир кој е наследник на видот Ленскаја. Тоа се коњи кои можат да преживеат на температури до -60 степени.

Др. Сејмон Григорјев, лидер истражувач во Музејот на мамути во Јакутска, рекол дека состојбата во кое е пронајдено ждребето дало надеж за овој проект.

– За среќа, мускулните ткива на животното биле неоштетени и добро сочувани, така успеавме да добиеме примероци од овој единствен пронајдок за биотехнолошки истражувања, рекол тој.

Leave a Reply