Под влијание на нестабилна воздушна маса од Медитеранот продолжува периодот на променливо и нестабилно време со повремени врнежи од дожд.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на денешниот ден ќе имаме променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне во западните, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во источните делови ќе има врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.