Извршниот директор на „Levi’s“, Чип Берг, тврди дека не треба да ги перете фармерките, а дека неговите не виделе машина за перење веќе 10 години.
Уште пред неколку години Берг открил дека својот омилен пар фармерки го носи повеќе од една деценија и дека тие никогаш не се перени, а сега повторно во една изјава напомена дека треба да престанете да го правите тоа.
Наместо да ги пере во машина за алишта, тој само ги чисти деловите кои се извалкани или ги пере на раце.
– Фармерките ги чистам на местата кои имаат дамка која треба да се исчисти или, во најлош случај, ги перам рачно. И тоа го правам. Сакам фармерки и се грижам за нив, изјавил директорот на „Levi’s“.
Она што многумина ги изненадува е како може да носи валкани фармерки, со толку бактерии кои со години се собирале на нив, а никогаш не се перени.
Верувале или не, според извршниот директор на брендот за нетоксично чистење облека, Кели лав, наводно тоа и не е проблем ако редовно ги проветрувате на воздух и сонце.
Тој вели дека нивното вообичаено, секојдневно носење на нормални места, вашето здравје не може да го изложи на ризик и дека не треба да се плашите од микроби.
Всушност, тоа што на неколку дена ќе ги оставите надвор на воздух и сонце додека не изгубат непријатни мириси е подобро отколку да ги перете во машината.
Ако нема доволно сончева светлина и замрзнувачот завршува работа, но ќе морате да го повторите неколку пати тој процес, додека фармерките не ги ослободите од мирисот и нечистотиите.